ВИДЕО: ПСЖ врза три победи во Лига 1, Мбапе и Икарди го „измешаа“ Ремс

По очајните две воведни кол,а во кои забележаа два порази (Ленс, 1-0 и Олимпик Марсеј 0-1), фудбалерите на ПСЖ ја пишаа третата победа во низа и се искачија на седмата позиција на табелата во француската Лига 1, по пет одиграни кола. 

Иако без неколку стандардни првотимци, „светците“ лесно се справија со Ремс и благодарение на врската Мбапе-Икарди запишаа сигурна победа од 0-2 (0-1).

  • Извештај од натпреварот: 

Младата француска ѕвезда му сервираше две перфектни асистенции на италијанскиот „гол-убиец“, првата во 9. минута, додека втората по една одлична „еден-два“ игра со Паредас во +62. минута. Парижани многу лесно можеа да извојуваат уште поубедлив триумф, но Нејмар на трипати и по еднаш Икарди и Мбапе испуштија шанса за нов погодок во мрежата на домаќините. 

Во следното коло, шампионот шанса за продолжување на победничката серија ќе има против Анжер, додека Ремс, кој уште е без побед,а за следен противник го има Рен.