• Горан Упале
Фудбалерите на Пари Сен Жермен и по единаесет одиграни кола не знаат за пораз во Лига 1, и вечерва запишаа уште една убедлив победа. На гостувањето кај Анжер момците на Луис Енрике славеа со сигурни 2-4 (0-4) и одново побегнаа на шест бода во однос на второпласираниот Монако, кој на отворањето на денот извојува сигурна победа на гости кај Стразбур од 1-3.
- Анжер - ПСЖ 2-4:
„Светците“ својата задача ја завршија уште во првото полувреме, во кое дури четири пати ја затресоа противничката мрежа. Првите два гола беа дело на јужнокорејскиот офанзивец, Канг-Ин Ли, додека во финишот на полувремето се разигра младиот француски ас Баркола, кој исто така со два гола донесе комотни 0-4 за ПСЖ на полувреме. Во вториот дел ПСЖ се повлече и дозволи домаќинот да постигна два гола и да се избори барем за пристоен пораз од 2-4.
- Стразбур - Монако 1-3:
Во следното коло, кое на програмата е по репрезентативната пауза, ПСЖ на свој терен ќе го пречека Тулуз, додека Анжер гостува кај Оксер, кој синоќа славеше голема победа над Олимпик Марсеј.
Во денешната програма во Лига 1, покрај ПСЖ и Монако победа извојува и тимот на Ленс, кој пред својата публика со 3-2 славеше над тимот на Нант.