ПСЖ спрема нова трансфер-сензација: 100 милиони за Милинковиќ-Савиќ 

Францускиот шампион ПСЖ наводно е подготвен да плати огромна сума на пари за во своите редови да ја добие првата ѕвезда на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Како што пишуваат италијанските и француските медиуми, парижани веќе подготвиле понуда од 100 милиони евра со која се надеваат дека ќе го добијат потписот на српскиот репрезентативец, кој треба да биде замена за Адријан Рабио. 

ПСЖ уште во ланскиот трансфер период беше заинтересиран за услугите на СМС, но тогаш Лацио бараше 150 милиони евра, сума која беше превисока дури и за богатите сопственици на францускиот гигант. 

Младиот офанзивец со Лацио има договор до јуни 2023 година, но тешко дека во Рим ќе остане уште долго време, бидејќи за него се распрашуваат и Манчестер Јунајтед, Челзи, Јувентус...