• Саше Љолес
Францускиот фудбалски гигант, ПСЖ, официјално, преку соопштение ги осуди расистичките навреди кон дефанзивецот Нуно Мендеш, кои беа упатени на социјалните мрежи веднаш после победата над Брест во домашното првенство.
„Л'Екип“ пишува дека управата на „светците“ е гневна на овие испади од страна на „хулиганите и расистите кои себеси се нарекуваат навивачи“, а во соопштението се вели дека ПСЖ во иднина нема да толерира било какви изливи на расизам, антисемитизам и било каков друг вид на дискриминација.
Клубот интензивно работи со органите на прогонот и се обидува да ги лоцира сите што пишувале расистички коментари, а дел од оние што го навредуваа Мендеш на стадионот, веќе се приведени и за нив следуваат соодветни пријави.
За сите против кои ќе биде поднесена кривична пријава, ќе следува доживотна забрана за влез на „Паркот на принцовите“, а воедно ќе мора да платат и казна во висина од 7.500 евра.