ВИДЕО: ПСЖ со „седумка“ ја заврши бајката на четвртолигашот

Екипата на Сен Бриу од Франција ја заврши бајката во Купот. Тимот кој се натпреварува во четвртата лига налета на ПСЖ и прими седум гола во мрежата (0-7) во рамки на четврт-финалето.

  • Извештај од натпреварот:

„Светците“ демонстрираа моќ против ривалот кој беше аутсајдер на хартија и важеше за најголемото изненадување во оваа фаза. Сепак, се работи за аматерски ривал кој игра во четвртиот ранг во земјата.

На овој натпревар хет-трик постигна португалскиот играч Гиљерме Рамос, а останатите четири беа дело на Невес, Дуе, Мајулу и Дембеле. Очекувана висока победа на ПСЖ, со два гола во првото и уште пет во второто полувреме.

Претходно, Брест на домашен терен загуби од второлигашот Данкерк (2-3) и тоа откако на паузата водеше со 1-0.