ВИДЕО: ПСЖ со „покер“ во Лига 1 се загреа за Баерн Минхен

Екипата на Стразбур го наплати долгот за болниот пораз на ПСЖ од лидерот Лил во претходното коло од Лига 1, откако парижани со моќна партија им се вратија на победите во домашниот шампионат (1-4) и одново се доближаа на три бода до првото место на табелата.

  • Извештај од натпреварот:

Иако пред неколку дена ПСЖ имаше тежок меч на гости кај Баерн Минхен во Лигата на шампионите, Маурицио Почетино се реши за силен состав против Стразбур, а тоа донесе и убедливи 0-3 по само првите 45 минути. Резултатот го отвори Мбапе со гол уште во 16. минута, а потоа домашната мрежа ја затресоа Сарабиа и Кин, за комотни 0-3 на полувреме. 

Второто полувреме подобро го отвори Стразбур, успеа да намали на 1-3 со голот на Сахи во 63. минута, арно ама фаворитот на десет минути пред крајот преку Паредес ги постави конечните 1-4.

Во следното коло ПСЖ го игра дербито со Сент-Етјен, додека Стразбург ќе гостува кај Ним.