ВИДЕО: ПСЖ со „петарда“ го почести Монпелје во Париз

Фудбалерите на ПСЖ го декласираа Монпелје и со 5-0 го испратија од „Паркот на принцовите“, во натпревар од 22. коло на француската Лига 1. Лидерот не му дозволи на противникот да се надева на добар резултат и уште од стартот одлично отвори и пред полувреме го реши прашањето за победникот. До крајот парижани постигнаа и „петарда“ во мрежата на Монпелје, за сигурен триумф. 

  • Извештај од натпреварот: 

Дуелот стартуваше со минута молк и присутните му оддадоа почит на Коби Брајант, кошаркарската легенда која го загуби животот во трагичната хеликоптерска несреќа пред седум дена. 

Домаќинот рано поведе, со голот на Пабло Сарабија во осмата минута. На голот му претходеше конфузна реакција на стоперите, а еден од нив му ја смири и намести топката на Шпанецот, кој ефектно погоди. Во 17. минута Монпеље остана со играч помалку, кога голманот Бертауд играше со рака надвор од својот простор. 

„Светците“ за само три минути пред полувремето ја решија дилемата за победникот со голови во 41. и 44. минута. Прво, Ди Мариа погоди, по одлично сработена акција и добра долга топка, за потоа Конгре да постигне комичен автогол. По изведен корнер за ПСЖ, еден од одбранбените играчи ја удри топката со нога, таа се одби од главата на стоперот во мрежата.

Во вториот дел меѓу стрелците се запиша и Мбапе со голот во 57. минута за 4-0. Бразилецот Нејмар одлично го следеше брзиот Французин, кој одлично втрча, го издрибла голманот и ја погоди празната мрежа.

Слична акција следеше и осум минути подоцна, повторно Нејмар уфрли во длабочина, а Мбапе ја стигна топката. Тогаш тој не погоди, а одбиената топка заврши кај Курзава, кој реализираше за 5-0. Во финишот Монпелје остана и со два играчи помалку, откако младиот Чотард доби два жолти картони за седум минути. 

ПСЖ со новите три бода е апсолутен лидер во првенството, а моментално има 13 бодови позитива. Сепак, мислите полека сè насочуваат кон осминафиналето од Лигата на шампионите, каде гостуваат во Борусија Дортмунд на 18 февруари. 

Состави

Thomas Tuchel

4-4-2

    Michel Der Zakarian

    3-4-3