ВИДЕО: Фудбалска лекција за Реал, ПСЖ ќе игра за ПЕТТИ трофеј во сезоната!

Фудбалерите на ПСЖ рутински го решија полуфиналното дерби против Реал Мадрид (4-0) на Светското клупско првенство и ќе играат за петтиот трофеј во сезоната. Се очекуваше спектакл на „МетЛајф“ во Њу Џерси, но тоа падна во вода уште во првиот половина час и парижани имаа симултанка. 

Резултатот го отвори Фабиан Руиз во шестата минута, откако погоди по интересна акција во која ПСЖ требаше да добие пенал. Сепак, топката се одби до Шпанецот, а тој ја втурна во мрежата (1-0). Само три минути подоцна Осман Дембеле искористи голема грешка на Рудигер, излета сам пред голот на Куртоа и рутински пласира во мрежата за 2-0.

Кога се очекуваше одговор од „кралевите“, тоа не се случи. Иако Реал се отвори и се обиде да притисне, следуваше трет погодок во мрежата на белгискиот голман. Во брза транзиција Хакими го пронајде осамениот Руиз во шеснаесетникот, па следуваше гол за 3-0. Овој резултат беше активен долго во натпреварот, а во вториот дел парижани го умртвија темпото.

  • Извештај од натпреварот:

По серијата замени на двете страни, точка на победата стави Гонсало Рамос. Португалецот по проигрување од Баркола во 87. минута го матира четврти пат Куртоа за конечните 4-0. Во финалето ПСЖ ќе се судри со Челзи.

ФОТО/PHOTO: FIFA/PSG - Twitter