• Мартин Танасковски
Екипата на Пари Сен Жермен продолжи да игра во топ-форма и забележа победа над Лил (4-1) во мечот кој се одигра во рамки на француската Лига 1 каде чекори кон титулата.
Немаат конкуренција „светците“ на домашно тло, затоа што ги победуваат сите со леснотија. Дури и најблиските ривали. Триумфот за екипата на ПСЖ доаѓа во одличен момент, пред мечот против Ливерпул во Лигата на шампионите, а „црвените“ во Париз ќе се соочат со ривал со десет победи во серија.
Уште по првото полувреме работата беше готова на „Паркот на принцовите“. Резултатот го отвори Баркола во 6. минута, а продолжи Маркињос во 22. минута. Третиот гол за ПСЖ го даде Дембеле во 28. минута, „покерот“ го комплетира Дуе во 37. минута. Во второто полувреме Лил го ублажи поразот преку Давид во самиот финиш.
ПСЖ во Лига 1 има 62 бода, а првиот тим зад него е Марсеј со 46 бода. Новата титула во елитата е скоро извесна.