ПСЖ шести пат во низа го освои францускиот Суперкуп: Момците на Тухел го „сомлеа“ Монако (ВИДЕО)

ПСЖ Монако

Францускиот шампион ПСЖ ја отвори сезоната со трофеј во Суперкупот против Монако (4-0). Ова е шеста титула во низа за „принцевите“ во ова натпреварување, што е само потврда за доминацијата на избраниците на Томас Тухел во домашните купови. Дуелот се одигра во Кина, а двете екипи настапија без голем дел стандардни првотимци, кои и натаму се на одмор по напорите на Мундијалот.

Мечот беше отворен со прекрасен погодок од слободен удар на Анхел Ди Марија по половина час игра, а за убедлива предност се погрижи Кристофер Нкунку на пет минути до крајот на полувремето. 

Завршниот удар го зададе синот на познатиот Жорж Веа, Тимоти, кој ја искористи приликата и го постигна третиот погодок во финалето. Точка на очајното попладне на Монако стави Ди Марија со својот втор гол за конечни 4-0, по асистенција на Адриен Рабио во последните моменти.

Во последните 15 минути шанса за настап доби и Нејмар, кој пред два дена и се приклучи на екипата на подготовките во Кина. За „светците“ одлично деби имаше Џиџи Буфон, кој застана меѓу стативите и веднаш го освои првиот трофеј во новиот клуб.