ВИДЕО: ПСЖ се врати на победите, со четири гола го доби „фенерџијата“ Дижон

Фудбалерите на ПСЖ се вратија во победничкиот колосек, откако убедливо го победија Дижон со 0-4 (0-2) и го минаа Лион на табелата во Лига 1. Парижани со по два гола во двете полувремиња релативно лесно го решија „фенерџијата“, па иако без многу првотимци стигна до важни бодови. 

Само шест минути им требаа на гостите да поведат, а стрелец беше Моис Кин по асистенцијата на Диало. ПСЖ успеа лесно да ја удвои предноста, од белата точка прецизен беше Килијан Мбапе во 32. минута за 0-2 и релаксирано продолжение од натпреварот. 

Францускиот крилен напаѓач го постигна и својот втор погодок, откако по шест минути игра во вториот дел пак го стресе Дижон за три голови позитива на парижани. Момците на Почетино иако го имаа решено мечот, не прекинаа со нападите, па тоа резултира со нов погодок. Стрелец на последниот четврти гол беше дефанзивниот играч за врска Данило Переира во 82. минута. 

  • Извештај од натпреварот: 

ПСЖ сега е втор со еден бод помалку од Лил, а два повеќе од Лион, но двата ривали сè уште ги немаат одиграно своите дуели од ова коло.