ВИДЕО: ПСЖ се посрамоти и одново не победи во Лига 1, кикс и на Ленс

Десеттото коло од францускиот шампионат донесе големо изненадување во Лориен, каде домашниот состав успеа да му откине два планира бода на моќниот ПСЖ (1-1).

Актуелниот шампион на Франција и Европа не успеа да слави како гостин во натпревар против тим кој пред стартот беше тотален аутсајдер и се наоѓа во долниот дел од табелата во Лига 1. Ова е трет нерешен резултат за тимот на Луис Енрике во десет кола, додека има и еден пораз во дербито против Марсеј.

ПСЖ сепак, остана на првото место, бидејќи киксна и Ленс и со тоа ја пропушти можноста да стигне до врвот на табелата.

По првото полувреме во кое не видовме голови, ПСЖ поведе по голот на Нуно Мендес во 49. минута. Сепак, одговорот дојде многу брзо, бидејќи Игор Силва донесе домашна радост и голем бод за својот тим. До крајот на натпреварот, ПСЖ напаѓаше, но немаше промена на резултатот. Во следната рунда, Ница ќе биде ривалот на парижани, додека Лориен ќе биде домаќин на Ленс.

Ленс доживеа вистинска катастрофа, бидејќи беше поразен од Мец, кој пред ова коло беше стациониран на самото дно на табелата, а во последниот натпревар прими дури шест гола од Лил.