ВИДЕО: ПСЖ рутински со „фенерџијата“, Ленс прокоцка два гола со Монако и го испушти врвот!

Екипата на ПСЖ брзо го заборави болниот пораз од Рен во претходното коло од домашниот шампионат, и пред својата публика славеше рутински над Мец (3-0), во последниот натпревар од денешната програма од Лига 1. 

  • ПСЖ - Мец 3-0:

Момците на Луис Енрике пред само неколку дена имаа исцрпувачка битка со Монако во Лигата на шампионите, на која славеа по негативата од два гола, но и покрај тоа вечерва професионално си ја завршија својата задача против најлошиот тим во шампионатот досега. Стрелци на головите за „светците“ беа Дуе и Баркола во првото полувреме и Рамос во вториот дел.

Со оваа победа парижани се вратија на лидерската позиција и го симнаа од тронот изненадувањето на сезоната – Ленс. Мец пак останува „фенерџија“ со само 13 освоени бода.

  • Ленс - Монако 2-3:

Веќе напоменавме за пресврт-поразот на Монако од ПСЖ во Лигата на шампионите, но денес тимот од кнежевството одигра фуриозни десет минути на гости токму кај Ленс и со трите гола за тој период извојуваа голем триумф од 2-3, иако дотогаш имаа негатива од 2-0.