ПСЖ размислува за продажба на Нејмар?

Нејмар

Задржувањето на Килијан Мбапе значи дека Пари Сен Жермен во него гледа прва ѕвезда и човек кој треба да биде лидер во наредните години.

Тоа носи лоши вести за Нејмар. Бразилецот веќе не е „недопирлив“, па веќе започнаа шпекулации дека уште ова лето францускиот гигант ќе прифати разделба со него, ако стигне пристојна понуда на маса.

30-годишникот е меѓу најплатените фудбалери на светот. Но, ПСЖ не е задоволен од фактот што тој воопшто не ги оправдува вложените средства и затоа сега смета дека можеби дојде време за негова продажба.

Блиски луѓе до Нејмар велат дека тој воопшто не размислува за заминување. Планот му е јасен, а тоа е исполнување на долгогодишниот договор со тимот од Париз.