ПСЖ пресече и донесе одлука за иднината на Томас Тухел

Иако сезоната беше предвреме завршена, ПСЖ е прогласен за шампион на Лига 1, а парискиот гигант во август ќе се бори за уште ден трофеј, оној од Лигата на шампионите. 

Но и покрај тоа, француските медиуми пренесуваат дека во новата сезона „светците“ ќе бидат предводени од нов стратег, затоа што Томас Тухел ќе добие отказно решение. Наводно, поголемиот дел од управата на клубот не бил задоволен од досега сработеното на германскиот тренер, но спортскиот директор Леонардо ги демантираше овие шпекулации.

„Има уште една година од договорот, Тухел ќе го води ПСЖ и во следната сезона. Кога ќе заврши Лигата на шампионите, тогаш ќе започнеме со преговори за нов договор. Но, она што е сигурно е дека Тухел ќе биде со нас и следната сезона“, вели Леонардо.

Тухел во Парис пристигна во летото 2018 година како замена за Унаи Емери. Тогаш потпиша договор на две години, а пред неколку месеци го продолжи на уште една година.