ВИДЕО: Почетино ја грабна првата титула, ПСЖ го освои Суперкупот

Екипата на ПСЖ се закити со титулата во Суперкупот на Франција, откако во финалниот натпревар го победи Олимпик Марсеј со 2-1 (1-0). Мауро Икарди пред полувремето и Нејмар од белата точка беа херои во триумфот на парижани, но шампионот имаше и два оправдано поништени погодоци. Во финишот Олимпик Марсеј даде и почесен гол преку Паје.

  • Извештај од натпреварот:

Средбата на „Паркот на принцовите“ ја отворија двата поништени голови, прво на Икарди, а потоа на Мбапе во првиот половина час. До предност ПСЖ стигна со голот на Мауро Икарди, иако прво Манданда му го одбрани ударот, одбиената топка Аргентинецот ја смести во мрежата за 1-0 во 39. минута. 

Во второто полувреме немаше многу можности, се играше изедначено на средината од теренот. ПСЖ доби пенал откако Мауро Икарди беше срушен во шеснаесетникот. Сигурен изведувач на казнениот удар беше Нејмар, за 2-0 во 85. минута. 

Иако се очекуваше тоа да биде конечниот резултат, Димитри Паје се погрижи за драма во финишот. Искусниот фудбалер на Олимпик Марсеј намали на 2-1 на минута пред крајот, но гостите од „Велодром“ не успеаја да се вратат и да израмнат во петте дополнителни минути. 

За новиот стратег на ПСЖ, Маурицио Почетино, ова е прва титула во тренерската кариера.