Голем пораз за Флорентино Перез: Мбапе му се јавил да му каже дека останува во ПСЖ

Долго време трае сагата околку иднината на Килијан Мбапе, а наводно сè ќе биде решено во наредните часови. Угледниот француски весник „Л’Екип“ пишува дека 23-годишниот напаѓач во наредните часови ќе ја соопшти својата одлука каде ќе ја продолжи кариерата и конечно ќе стави крај на долгогодишната сага.

Реал Мадрид и ПСЖ остануваат во игра за неговиот потпис. Мбапе преговараше со двата клуба, но сега е време за конечна одлука, која најверојатно ќе биде објавена денес. Двете понуди се врвни. Ова го потврди мајката на одличниот фудбалер Фајза Ламари.

„Понудите на ПСЖ и Реал Мадрид се речиси идентични. Во Реал мојот син би имал целосна контрола врз правата на името и карактерот, но ПСЖ нуди паричен надомест за тоа. Понудите не се премногу различни. Тие се речиси исти. Сега ја чекаме неговата одлука“, изјави Фајза Ламари.

Бројни европски медиуми пишуваат дека Мбапе е многу поблиску до останување во ПСЖ, а Фабрицио Романо го потврди тоа, пишувајќи дека францускиот фудбал лично му се јавил на Перез да му соопшти дека нема да потпише со Реал Мадрид.

Мбапе во редовите на Пари Сен Жермен се пресели во 2017 година од редовите на Монако.