ПСЖ пред промоција на првите две засилувања, но нема решение за „случајот Донарума“

Европскиот првак Пари Сен Жермен се наоѓа пред промоција на своите први засилувања за новата сезона.

Голманот Лукас Шевалие и Иља Забарњи наскоро ќе ги завршат своите трансфери во ПСЖ.

Претходно, медиумите објавија дека ПСЖ се договорил за личните услови на договорот со Шевалие. Се тврдеше дека парижаните ќе платат 40 милиони евра за неговиот трансфер. Трансферот на Забарни, според гласините, ќе ги чини околу 70 милиони евра.

Главен проблем на клупската управа е дилемата на Џанлуиџи Донарума, кој иако има уште една година од договорот, сака да си замине од Париз.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.