ПСЖ потврди: Го сакаме Меси, овие четири месеци може да бидат цела вечност 

Првиот оперативец во редовите на ПСЖ, Леонардо, потврди дека францускиот гигант сериозно ја разгледува можноста налето своите редови да ги засили со Лионел Меси. 

Веќе е познато дека аргентинскиот ас по крајот на оваа сезона ќе биде слободен агент и според шпекулациите на странските медиуми токму ПСЖ и Манчестер Сити се најсериозните кандидати за потписот на еден од најдобрите на денешницата. 

„На маса сме неколку избрани екипи и будно ја следиме ситуацијата. Овие четири месеци може да бидат цела вечност во фудбалскиот свет, па затоа во овој момент не сакам да зборувам ништо повеќе на оваа тема. Но, пак ќе повторам дека големи играчи како Меси секогаш се опција на ПСЖ“, рече бразилскиот директор.

ПСЖ во своите редови веќе има две светски ѕвезди (Нејмар и Мбапе), а дали Меси ќе биде третата ќе дознаеме за време на летниот трансфер период.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.