ПСЖ поради бирократски причини не може да го верифицира договорот со Галтие

Пари Сен Жермен му ја довери клупата и соблекувалната на Кристоф Галтие, но неговиот договор сè уште не е верификуван во Фудбалскиот сојуз на Франција

Причината за такво нешто е бизарна. Имено, тренерите во оваа земја мора на секои три години да ја обновуваат својата тренерска лиценца, а Галтие тоа во моментов го нема. Стручњакот ќе мора повторно да полага испит, по кој ќе си ја продолжи лиценцата. 

Сепак, сојузот во Франција ќе му дозволи да биде на клупата за натпреварите на ПСЖ. Своите бирократски работи Галтие ќе ги заврши при првата репрезентативна пауза. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.