ПСЖ подготви 210 милиони за трио на Реал Мадрид

ПСЖ Реал

Како што пишуваат медиумите во Франција, екипата на ПСЖ е заинтересирана за тројца фудбалери на Реал Мадрид.

Се работи за Иско, Герет Бејл и Тони Крос за кои се одвоени 210 милиони евра. За Германецот би се платиле 80, за велшкиот репрезентативец 70 милиони, додека за шпанскиот креативец 60 милиони евра.

Најголем интерес постои за Крос кој би требало да биде замената за незадоволниот Адриен Рабио. 

Сонот на „светците“ е да се освои Лигата на шампионите, а овие тројца беа клучна алка во успесите на мадриѓани во последните неколку години.