ПСЖ пазари во Барселона и се подготвува за живот без Мбапе

Францускиот првак ПСЖ очигледно ќе има големи проблеми да го задржи Килиан Мбапе. Талентираниот фудбалер сака еден ден да заигра во Реал Мадрид, а подобра шанса од наредното лето нема да има.

Замена за него, управата на тимот од Париз пронајде во редовите на Барселона. Незадоволниот Антоан Гризман би можел да се врати во родната земја, доколку продолжи лошиот однос со Лионел Меси и соиграчите на „Камп Ноу“.

И покрај сите напори, очигледно е нетрпението во соблекувалната на Каталонците. Тоа би можело да го натера Французинот одново да ја промени средината и да го засили нападот на „принцевите“.

Таму би играл заедно со Мауро Икарди, кој е блиску до остварување на желбата да си замине од Интер

Барса ќе бара висока сума за да се раздели со Гризман, кој пристигна од Атлетико Мадрид за 110 милиони фунти.