ВИДЕО: ПСЖ пак разочара во Лига 1, Вајналдум во 92. минута спаси пораз кај Ленс

По ремито без голови против Ница, францускиот фудбалски гигант Пари Сен Жермен повторно ги разочара своите фанови, затоа што беше на раб на пораз на гостувањето кај Ленс, но со гол во самиот финиш се избори за нерешен исход од 1-1 (0-0).

  • Извештај од натпреварот:

Маурицио Почетино се реши без Мбапе и Идриза Гана Геј да го започне вечерашниот натпревар, односно со Меси, Икарди и Ди Марија. Сепак, напаѓачкото трио од Аргентина на парижани изгледаше „страшно“ само на хартија. 

ПСЖ беше тимот кој во текот на целиот натпревар го имаше поседот на топката и контролата врз играта, но домаќините како да го посакуваа тоа и преку брзи контра напади му правеа големи проблеми на Хесус Навес.

Во првиот дел единствените посериозни шанси за погодок ги имаше Мауро Икарди, додека на стартот од вториот дел се закани Ди Марија, но резултатот остана непроменет. На спротивната страна Ленс долго време ја чекаше својата шанса, а кога ја доби, ја казни гостинската одбрана и Фофана погоди во 62. минута за огромна радост на трибините (1-0).

Аргентинскиот стратег немаше друга опција освен со сите сили го нападна домашниот гол, а тоа вроди со плод во самиот финиш, откако на додавање на Мбапе, гол-првенец во Лига 1 впиша засилувањето од Ливерпул, Вајналдум, за конечни 1-1. Пред последниот судиски свиреж, Лионел Меси имаше шанса од слободен удар да донесе победа за парижани, но неговиот удар заврши над голот на домаќините. 

Состави

Franck Haise

3-5-2

    Маурицио Почетино

    4-3-3