ПСЖ нема право на грешка, Ковач на чекор од првата титула со Монако

Финалето на Купот на Франција од перспектива на Монако би можел да донесе трофеј кој би ја украсил добрата сезона, додека од позиција на парижани евентуален трофеј може да биде утешна награда за сезоната под очекувањата, имајќи в предвид дека уште еднаш се сопнаа во борбата за тронот на Лигата на шампионите, а првенствената круна и не изгледа така блиску.

Избраниците на Нико Ковач предизвикот на „Сент Дени“ ќе го дочекаат во извонредна форма од десет победи во последните единаесет средби со само еден пораз, против Лион. „Кнезовите“ во претходниот период демонстрираа квалитет и потполно оправдано се на чекор од пласман во Лигата на шампионите наредната сезона, а особено инспириран во завршницата од сезоната е Висам Бен Једер, напаѓачот кој на последните десет средби даде девет погодоци.

Сите квоти на MOZZART за натпреварот Монако - ПСЖ >>>

Офанзивците ќе се најдат во прв план и на другата страна, па особено внимание ќе биде насочено кон „детето на Монако“, Килијан Мбапе, но и Нејмар, кој по продолжувањето на соработката има шанса да се фокусира само на предизвиците на теренот.

Дуелите со Манчестер Сити, ремито со Рен (1-1), но и триумфот против Монпелје по пенали, наjaвуваат дека во редовите на парижани не функционира сè идеално, меѓутоа тимот на Маурисио Почетино нема право на грешка, со оглед на тоа што е во многу незавидна ситуација и во првенството каде што на коло пред крајот има бод заостанок во однос на Лил, па сезоната која ветуваше, може да ја заврши катастрофално.

Кога е во прашање традицијата, Монако со победите во претходните два меѓусебни дуели ја прекина серијата од дури дванаесет натпревари без триумф над ПСЖ, а големиот влог навестува борба.