• Саше Љолес
Иако претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи изјави дека неговиот клуб не преговара со Мохамед Салах од Ливерпул, сепак англиските медиуми пишуваат дека „фараонот“ добил богата понуда од „светците“ и голема е веројатноста следното лето да замине во Париз.
Салах веќе има полни 32 години, но прикажува неверојатна форма и сезонава е вистински предводник на „црвените“, а ПСЖ во него гледа идеална опција за нападот и му понудил плата од 14 милиони евра годишно. Салах е во последната година од договорот со Ливерпул и беше поврзуван со премин во Саудиска Арабија, но се претпоставува дека понудата од ПСЖ е примамлива за него и неговиот агент веќе ги започнал преговорите.
Египетскиот репрезентативец има статус на божество во Ливерпул, каде пристигна пред седум години и ги освои сите можни трофеи, вклучително и еден во Лигата на шампионите. Во дресот на славниот англиски клуб досега одигра над 300 мечеви во сите конкуренции и постигна 182 гола.