ПСЖ не знае за доста, преговара за четири нови засилувања

Погба

Неколку големи имиња ова лето станаа дел од екипата на Пари Сен Жермен. Спортскиот директор Леонардо заврши одлична работи со трансферите на Џанлуиџи Донарума, Џорџино Вајналдум, Ашраф Хакими и Серхио Рамос.

Но, Бразилецот не сака да застане тука. Веќе работи на четири нови засилувања, кои треба да го комплетираат „дрим-тимот“ во Париз.

На листата се наоѓаат Пол Погба, Тео Хернандез, Калиду Кулибали и Моизе Кин, кој би требало да се врати за да биде уште една опција во нападот на Маурисио Почетино.

Тешко е да се верува дека сите зделки ќе бидат реализирани во тековниот преоден рок. Меѓутоа, францускиот гигант се надева дека ќе направи „подлога“, за да има предност во однос на конкуренцијата во иднина.

Француските медиуми тврдат дека ПСЖ подготвил 200 милиони за остатокот од летото. Останува да видиме колку има вистина во намерите на „принцевите“...

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.