ВИДЕО: ПСЖ не успеа да се одмазди, Лил го освои Суперкупот на Франција!

Фудбалерите на Лил го освоија трофејот во Суперкупот, откако успеаја да го победат фаворизираниот ПСЖ со 1-0 (1-0). Пресметката која се одигра на „Блумфилд“ во Тел Авив, според играта им припадна на парижани, но резултатот и трофејот отпатуваа кај шампионот на Франција

  • Извештај од натпреварот:

ПСЖ не успеа да се одмазди за освоениот трофеј во првенството, па утеха ќе мора да бара во новата сезона против Лил. Првакот тргна добро, прв се закани Бурак Јилмаз со добар удар крај стативата кој го одбрани Кејлор Навас, а на спротивната страна шанса имаше Дракслер. 

Резултатот беше отворен во последната минута од првиот дел, а стрелец беше португалецот Хека. Мигел Анхело да Силва Роча како што е неговото правилно име, потегна од левата страна кон средината и со прецизен и одмерен шут го погоди спротивниот агол, матирајќи го Навас за водство од 1-0. 

Во продолжението, парижани мораа да ризикуваат повеќе и да нападнат. Вистинска можност имаше Абду Диало кој по одбиена не реализираше од непосредна близина. ПСЖ успеа да ја затресе противничката мрежа преку Кимбембе, ама неговиот гол не важеше бидејќи се најде во недозволена позиција. 

До крајот на мечот избраниците на Почетино притискаа, а последниот сериозен обид за враќање во игра го имаше новајлијата Џорџинио Вајналдум кој се обиде, но голманот Жардим го фати неговиот шут. Лил успеа да ја одбрани предноста и се радуваше на првиот трофеј во новата сезона. 

Состави

Жослин Гурвенек

4-3-3

    Маурицио Почетино

    4-3-3