ВИДЕО: ПСЖ надмоќен против Дортмунд, Феенорд сигурен против Селтик

Фудбалерите на ПСЖ на најубав можен начин ја отворија новата сезона во Лигата на шампионите и славеа со сигурни 2-0 над Борусија Дортмунд

„Светците“ беа подобар ривал во текот на сите 90 минути и воопшто не ѝ дозволуваа на Борусија да ја наметне својата игра. Уште во првите 45 минути ПСЖ ја имаше инцијативата и создаде неколку зрели прилики, но сепак, не успеаја да ја затресат мрежата на голманот Кобел и на паузата резултатот беше 0-0.

Тоа што се насетуваше, се случи многу бргу, ПСЖ доби пенал по само четири минути игра во вториот дел, а прецизен реализатор на најстрогата казна беше Килијан Мпабе. Домаќините поведоа со 1-0 и тоа им даде уште поголема мотивација за натамошниот дел од мечот. Тимот на Луис Енрике „нагази“ во посилно темпо, а тоа вроди со плод во 58. минута кога Ашраф Хакими стави „круна“ на прекрасно одиграна акција. ПСЖ ја удвои предноста и навивачите беа пресреќни, затоа што Борусија Дортмунд не оставаше впечаток на тим што може да направи сензација. 

Францускиот гигант беше апсолутно подобар противник и сосема заслужено славеше со конечни 2-0. ПСЖ ги впиша првите три бода и е единствениот тим од групата Ф, кој успеа да забележи победа во премиерното коло. 

Во вториот меч од истата група Феенорд беше сигурен против шкотскиот великан, Селтик, и успеа да слави победа со резултат 2-0. Домашните беа многу расположени за игра и водеа со 1-0 на полувремето, а во вториот дел Селтик комплетно се „распадна“ и го крена „белото знаме“. 

Шкотите во вториот дел останаа со дури двајца играчи помалку и немаа никакви шанси за враќање во мечот. Најпрво Лагербилке заработи втор жолт картон во 64. минута, а само четири минути подоцна, на Норвежанецот Тиаго Холм му беше покажан директниот пат кон соблекувалната. Домаќините промашија пенал во 65. минута, имаа и два поништени гола, но тоа не влијаеше многу врз конечната победа од 2-0. 

  • Феенорд - Селтик 2-0:

Феенорд ги запиша првите три бода во новата сезона и ќе биде на делба на првото место со Атлетико Мадрид. Селтик и Лацио својата шанса за бодови ќе ја бараат во следното коло.

Состави

Луис Енрике

4-3-3

    Нури Шахин

    3-5-2