ПСЖ му верува на Почетино и му го продолжи договорот

Еден од најдобрите фудбалски стратези на денешницата, Маурицио Почетино, го продолжи договорот со ПСЖ. 

Аргентинскиот стратег на клупата на „светците“ се пресели на почетокот на оваа година и иако францускиот гигант киксираше во Лига 1 и Лигата на шампионите, раководството на клубот реши да му понуди нов договор, кој денес беше потпишан со важност до јуни 2023 година.

Под водство на Почетино, ПСЖ запиша 23 победи, четири ремија и седум порази на 34 натпревари, но целосно потфрли на клучните натпревари во домашниот шампионат и титулата ѝ ја препушти на екипата на Лил.

Парижани беа доста активни во досегашниот дел од трансфер пазарот и доведе четири големи засилувања. Во градот на светлината се преселија Вајналдум, Рамос, Хакими и Донарума, а многу веројатно Почетино ќе добие уште неколку нови имиња ова лето.  

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.