ВИДЕО: Сити му се одмазди на ПСЖ и го обезбеди првото место во групата!

Манчестер Сити со пресврт му се одмазди на ПСЖ за поразот во Франција и го одбрани домашниот терен (2-1). Маурицио Почетино прв се радуваше, но на крај радоста и бодовите завршија кај Пеп Гвардиола и англискиот претставник.

  • Манчестер Сити - ПСЖ 2-1:

„Граѓаните“ доминираа во воведното полувреме. Гостите чекаа шанса од контра напади, а по една таква Килиан Мбапе пропушти можност да го шокира противникот. На спротивната страна многу работа имаше за Кејлор Навас. Костариканецот интервенираше во неколку наврати, Маркињос блокира еден обид на Зинченко, а Хакими спаси чест погодок од гол-линијата, по удар на Марез. Германскиот интернационалец Илкај Гундоган ја имаше најзрелата шанса пред паузата, кога од изгледна позиција ја погоди стативата и не ја израдува домашната публика.

Натпреварот беше отворен на почетокот од второто полувреме. Токму тоа требаше за да се „разгори“ борбата меѓу екипите. Мбапе се најде небранет, по еден центаршут на Меси, па ја протна топката меѓу нозете на Едерсон за 1-0. Сити започна да напаѓа и доби награда за тоа. По една мешаница, топката со многу среќа дојде до Стерлинг, кој израмни и најави супер-интересна завршница.

Подобриот момент премиерлигашот го искористи да направи пресврт. Една несебична реакција на Бернардо Силва му овозможи на нововлезениот Габриел Хесус да погоди за 2-1. Се играше 76. минута кога бразилскиот напаѓач стави точка на натпреварот. Оваа победа значи дека тимот на Гвардиола останува на првата позиција на табелата.

Во истата група РБ Лајпциг го декласира Клуб Бриж (0-5) и се врати во игра за место во Лига Европа. Овие две екипи во последното коло ќе водат борба за третата позиција. Денешниот натпревар во Белгија го одбележаа Форсберг и Нкунку, кои по двапати ја затресоа домашната мрежа.

  • Клуб Бриж - РБ Лајпциг 0-5:

Следните натпревари се закажани за седми декември. Манчестер Сити гостува кај РБ Лајпциг, а ПСЖ ќе го пречека Клуб Бриж.

Состави

Пеп Гвардиола

4-3-3

    Маурицио Почетино

    4-3-3