ПСЖ му нуди половина милион евра неделно на египетскиот „фараон“

Францускиот ПСЖ одново се обидува да го донесе кај себе најдобриот играч на Ливерпул, Мохамед Салах. 

„Светците“ од Париз прават напори преку своите агенти да го привлечат Египќанецот со огромна плата која би изнесувала вртоглави 500.000 евра неделно, што е за 100.000 повеќе од она што може да му го понуди Ливерпул. 

Иако веќе се појавија информации дека Салах ќе го продолжи договорот со „црвените“, понудата од ПСЖ би можела да биде исклучително драматична затоа што Французите му нудат соработка до сезоната 2027/28. 

32-годишниот „фараон“ пристигна во Ливерпул пред скоро осум години и стана вистинска икона на клубот. Сезонава е вистински предводник на тимот на Арне Слот и има одличен учинок од 20 голови и 17 асистенции во сите натпреварувања.