ПСЖ може малку да здивне, Дембеле е повторно во составот!

Францускиот ас Усман Дембеле, освојувач на Златната топка, денеска се врати на тренинг на Пари Сен Жермен по повредата што ја заработи на петти ноември против Баерн Минхен. По тринеделна пауза, напаѓачот повторно тренира со тимот и постепено се враќа во форма.

Дембеле претходно пропушти дел од сезоната поради повреда на бутниот мускул, а во петокот се појави на почетокот на тимскиот тренинг во кампусот на ПСЖ, заедно со левиот бек Нуно Мендеш, кој исто така се опорави од повредата на коленото.

„Тој ја подобрува својата форма и можеби наскоро ќе почне нормално да тренира. Мораме да бидеме внимателни и да видиме како ќе реагира на оптоварувањето. Во наредните недели ќе го гледаме Дембеле повторно на теренот“, изјави тренерот на ПСЖ, Луис Енрике.

Дембеле веќе пропушти повеќе од шест недели поради повредата на бутниот мускул што ја заработи на петти септември во дресот на француската репрезентација.

Од клубот соопштија дека Дембеле е „во завршна фаза на опоравување“, додека Ашраф Хакими и Дезире Дуе продолжуваат со индивидуалните рехабилитациони програми.