ПСЖ мора да победи над Рен, но ништо не зависи сам од себе во битката за трофеј

Уште едно разочарување е зад ПСЖ. Како и да ја завршат сезоната во националниот шампионат, дури и да победат против сите ривали со по пет голови разлика, ќе остане горкото чувство за неуспехот во Лигата на шампионите.

„Светците“ нема така лесно да паднат, бидејќи веќе со години сите карти и вреќи пари ги фрлаат на освојување на „долгоушкото“ и секој пат беа стопирани. Последен пат  беше овој вторник во Манчестер, каде што Сити ја потврди предноста во Париз и замина во финалето, а пет дена подоцна парижани ги чека многу важен дуел со Рен во француското првенство бидејќи три рунди пред крајот тронот е „разнишан“. И ништо не зависи од актуелниот првак.

Сите квоти во MOZZART за натпреварот Рен - ПСЖ

Составот на Маурисио Почетино моментално е второпласиран со бод дефицит во однос на Лил, па до крајот на сезоната им преостанува да победат во сите дуели и да се надеваат дека „догите“ нема да го направат истото. Многу е важно да не се сопнат во Рен, кој цели на место во Европа и се наоѓа на два бода од таков исход. Долго составот од Бретања беше меѓу „одбраните“, но катастрофалната низа од осум дуели без триумф го доведе до седмата позиција. Домашните ќе играат на картата емоционална исцрпеност на „светците“, но верба дека можат до добар резултат носи и фактот дека минатата сезона на „Роазон Парк“ го совладаа ПСЖ со 2-1. 

Сите квоти во MOZZART за останатите натпревари од Лига 1

Дополнителна причина за оптимизам на Рен носи и фактот дека најдобриот играч на ривалот, Килијан Мбапе е неизвесен. Ѕвездата на парижани не влезе во игра против Сити, а се очекува да се врати дури наредниот викенд за полуфиналето во Купот со Монпелје.