• Горан Упале
Фудбалерите на Нант и Пари Сен Жермен ремизираа со по еден постигнат погодок во натпревар од 29. коло на француската Лига 1 (1-1).
- Извештај од натпреварот:
Парижаните веќе обезбедија нова шампионска титула, а нивните мисли се чини дека се насочени кон полуфиналето во Лигата на шампионите, каде за противник ќе го имаат Арсенал. На спротивната страна, пак, „канаринците“ го искористија тоа и дојдоа до вреден бод во борбата за опстанок.
Избраниците на Луис Енрике поведоа во 33. минута, откако Португалецот Витиња го искористи лошото расчистување на дефанзивецот на Нант и ја смести топката во мрежата на домаќините.
Домашниот тим до големиот бод стигна благодарение на голот на Даглас Аугуст на седум минути пред крајот на мечот по добрата акција и асистенција на Матиас Аблин. „Светците“ можеа да победат во последните моменти од средбата, но напаѓачот Гонзало Рамос од непосредна близина со глава биеше само во гредата.