ВИДЕО: ПСЖ „киксна“ со Лориент и му отвори нова шанса на Ленс!

Екипата на ПСЖ направи голем „кикс“ и одигра реми со конечни 2-2 (1-1) во натпреварот од 32. коло на француската Лига 1. „Светците“ со овој резултат му направија услуга на Ленс, кој ќе има можност да се доближи на четири бода ако слави на гостувањето кај Ница. 

  • Извештај од натпреварот: 

Парижаните поведоа со голот на Ибрахим Мбаје, но Лориент до паузата се врати преку Пабло Пажис (1-1). Фаворитот повторно поведе во второто полувреме, стрелец беше Варен Заир-Емери, а конечните 2-2 ги постави Ајегун Тосин во 78. минута од натпреварот. 

За актуелниот европски првак ова беше четврто реми сезонава, со кое стигна до 70 бода, седум повеќе од Ленс, кој има и натпревар помалку. До крајот на сезоната во Франција остануваат уште три кола.