• Саше Љолес
Управата на францускиот ПСЖ поднесе контра-тужба против поранешната клупска ѕвезда, Килиан Мбапе, барајќи неверојатна отштета од огромни 98 милиони евра!
Клубот смета дека Мбапе постапил неправедно и неосновано ја прекинал соработката со „светците“ кои за неговите услуги на Монако му платија 180 милиони евра.
„Првичната тужба од фудбалерот кон клубот е неоснована. ПСЖ ќе ги преземе сите чекори и потребни мерки за да ја докаже својата транспарентност и финансиска стабилност.
Отсега натаму ќе комуницираме само со адвокатскиот тим на Мбапе, доколку има потреба“, се вели во краткото соопштение.
Мбапе го тужеше ПСЖ за неисплатени хонорари и бонуси, а францускиот клуб мораше да му исплати 55 милиони евра, што доведе и до закани од УЕФА за исфрлање на клубот од европските натпреварувања.