ПСЖ издвои преку 40 милиони и го доведе „мозокот“ на Порто

Спортскиот директор на ПСЖ, Луис Кампос го доведе првото ново име во францускиот првак. По откупот на Тиаго Мендеш од Спортинг Лисабон, и вториот новајлија кај „светците“ доаѓа од Португалија

Фудбалерот за врска Витиња се обврза на петогодишен договор со ПСЖ. За него парижаните одвоија 41,5 милиони евра, кои веќе легнаа на сметката на Порто. 22-годишниот Витиња треба да биде освежување за средниот ред, во кој неколку фудбалери ќе си заминат од Париз. Андер Херера, Леандро Паредес, Идриза Гана Геј и Јулијан Драклсер имаат тековни договори, но скоро сигурно некој од нив ќе си замине до крајот на преодниот рок.

ПСЖ сигурно го напушти Анхел Ди Марија на крај на договорот, а не се сигурни ни Икарди, Курзава и Нејмар.