ПСЖ и Реал ќе водат битка за врвот, Галатасарај со Фалкао сака да им ги помрси сметките

Со вчерашната програма од осум натпревари и официјално започна новата сезона на Лигата на шампионите на УЕФА. Времето на предвидувања, анализи, статистики, историјати заврши – дојде моментот кога сите екипи ќе имаат шанса да покажат кој е кој на теренот и да го започнат походот кон престижниот трофеј. 

Судејќи по квалитетите и пазарењето во летниот трансфер период, веќе се наѕираат најголемите фаворити за титулата. Од Манчестер Сити, Јувентус, Барселона, ПСЖ, Реал Мадрид, Баерн Минхен, па се до бранителот на титулата Ливерпул, се екипите кои за многумина, па дури и за обложувалниците, имаат најголеми шанси за „долгоушкото“, но секако кругот тука не се затвора. 

И оваа сезона 32-те екипи се поделени во осум групи со по четири претставници, а место во елиминационата фаза ќе има само за најдобрите две. 

ГРУПА А:

ПСЖ и Реал Мадрид се изразите фаворити во групата А. Секој друг исход освен пласман на Французите и Шпанците во осминафиналето на Лигата на шампионите ќе биде големо изненадување. „Светците“ не го продадоа Нејмар и го доведоа Икарди, па нападот ќе им биде уште посилен од минатата сезона.

Засилувањата од типот на Херера, Диало, Санабрија само го дополнуваат мозаиокот. Тухел и Леонардо не купуваа премногу ова лето, но и не загубија премногу клучни фудбалери - си заминаа само Рабио и Дани Алвес.

Реал Мадрид ја има хемијата со Лигата на шампионите, посебно со Зидан на клупата. Но, сезонава игра толку променливо што тешко може да се очекува онаа игра и резултати од пред неколку години. Адутот Азар уште не сме го виделе, а голем дел од структурата на тимот која е стара и истрошена уште е на сцена.

Со трансферот на Фалкао, Галатасарај и првата закана за фаворитите. Турците се во еуфоријаа, Терим верува и во Бабел и Нзонзи, но нема да биде лесно да се предизвикаат ПСЖ и Реал Мадрид. Бриж е многу хомогена и воиграна екипа, мина квалификации и го подигнува нивото, но тешко дека ќе може нешто повеќе од борба за третото место и учество во пролетните натпревари од Лига Европа.