ВИДЕО: ПСЖ и Лил со минималци ја продолжија битката за врвот во Лига 1

Екипата на Лил не го дава врвот. Со два доцни гола „догите“ дојдоа до триумф над Олимпик Марсеј (2-0) и остануваат најдобра екипа во Лига 1.

  • Лил - Олимпик Марсеј 2-0: 

Херој на домашниот тим беше Џонатан Давид. Деветката од Канада на тимот на Лил постигна два гола во мрежата на противникот, првиот во 90. минута, а вториот во 93. минута, за голема радост на домашниот тим во дербито на колото.

Пари Сен Жермен беше на прагот да го преземе врвот, но за тоа ќе почека уште некое коло. Тимот на Почетино славеше на гости кај Бордо (0-1), иако играше без главните ѕвезди. Човек на одлука беше Сарабиа, кој ја стресе мрежата на домашните во 20. минута.

Серијата без пораз на Монако заврши. Стразбур на домашен терен ги сопре „кнезовите“ (1-0), благодарение на голот на Жилберт во 91. минута.

Претходно, Лион беше подобар од Рен (1-0), со голот на Ауар во 74. минута од мечот на „Групама“.

На останатите мечеви Монпелје и Лориен одиграа без победник (1-1), Брест го надигра Дижон (3-1), Анже победи кај Мец (0-1), а Ница и Ленс освоија по три бода со Ним (2-1), односно Сент Етјен (3-2).