ПСЖ гради „дрим-тим“, Погба нова желба на францускиот гигант

Францускиот гигант ПСЖ веќе заврши одлична работа во овој преоден рок, но нема намера да застане со потписите на Серхио Рамос, Џанлуиџи Донарума, Џино Вајналдум и Ахраф Хакими. 

Наводно, голема желба на челните лица на клубот е асот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба. Францускиот играч за врска е под договор со „црвените ѓаволи“, но истиот истекува по крајот на следната сезона. 

28-годишниот фудбалер повторно одигра квалитетни натпревари за Франција на Европското првенство, а сега клубот од „Олд Трафорд“ треба да донесе одлука дали ќе го продолжи договорот со својот ас или ќе ги разгледа можностите за негов трансфер ова лето.

Бидејќи во 2016 година Јунајтед за услугите на Погба плати 105 милиони евра, сценариото за негово заминување без обештетување за една година, секако не е опција за раководството на англискиот великан.

Токму затоа, ПСЖ гледа шанса да го доведе Погба уште ова лето и да го комплетира „дрим-тимот“, со кој во следната сезона ќе атакува на титулата во Лигата на шампионите. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.