ВИДЕО: ПСЖ го „здроби“ Монако и ја врати титулата од Лига 1 во своите витрини!

Екипата на ПСЖ експресно ја врати титулата од домашното првенство во своите витрини. Откако лани ѝ беше одземена од Монако, вечерва токму со победата над големиот ривал (7-1), ПСЖ и математички е нов шампион на Лига 1. 

По почетното мирно отворање од големото дерби на францускиот фудбал, „светците“ за само 12 минути го торпедира голот на шампионот и со головите на Џовани Ло Селсо, Единсон Кавани и Анхел Ди Мариа стигнаа до огромно водство од 4-0. 

Резултатот го отвори младиот Ло Селсо, на 2-0 зголеми Кавани, додека Ди Мариа со брилијантен лоб донесе огромни 3-0. Ло Селсо со својот втор гол во 27. минута го дотолчи Монако и обезбеди сигурна победа на својата екипа.

Во вториот дел Ди Мариа уште еднаш ја затресе мрежата на Субашиќ и зголеми на 5-1. Фалкао со несреќен автогол го потврди очејот на својата екипа, додека конечните 7-1 ги постави Дрекслер на три минути од крајот на мечот. Единствениот гол за Монако го постигна Лопез за тогаш да намали на 4-1.