ПСЖ го продава Нејмар во Јуве ако Дибала биде вклучен во трансферот?

Дали се поставени контурите на уште еден голем трансфер во европскиот фудбал? Откако вчера „Мундо Депортиво“ потврди дека Јуве е загреан за Нејмар, а националната телевизија РАИ во вечерните часови обелодени дека таткото на Нејмар пристигнува во Торино на преговори, сега медиумите блиски до двата клуба и фудбалерот, јавуваат и за детали од преговорите.

Имено, според „El Chiringuito“ - најпознатото шпанско фудбалско шоу, кое го води искусниот каталонски новинар кој работи во Мадрид, Јозеп Педредол, Јуве и ПСЖ веќе седнале на маса и разговарале на темата Нејмар. Според новинарот, францускиот клуб нема ништо против премин на Бразилецот во Торино ако Јуве го вклучи Дибала во трансферот.

Сепак, Јуве одговорил негативно на барањето и спремен е да преговара за трансфер кој ќе го исплати само во пари и без вклучување на други фудбалери во опереацијата. Сите овие шпекулации се во доменот на нагодувања, но Педредол е добро упатен, ги најави и погоди сите поголеми трансфери последните неколку години, а пред извесен период далеку пред сите објави дека Азар потпишува за Реал, Гризман за Барса и Де Лихт за Јуве.

Ако дојде во Јуве, Нејмар веројатно ќе добива плата блиска до онаа на Роналдо (32 милиони евра годишно), а обештетувањето би било блиску до нов светски рекорд.