ПСЖ го напаѓа првиот трофеј без Килијан Мбапе

Екипата на Пари Сен Жермен викендов ќе го игра првиот натпревар за титула. ПСЖ како акутелен Куп освојувач ќе се сретне со шампионот Лил во рамки на Суперкупот, но ќе биде без првата ѕвезда.

Најдобриот играч на ПСЖ, Килијан Мбапе, нема да биде во комбинација за настап на овој меч. Почетино нема да ризикува со Французинот, кој ќе одмора до првиот натпревар против Троја во Лига 1 закажан на 7 август.

Покрај Мбапе, дел од тимот нема да бидат и Рамос, Нејмар, Маркињос, Ди Марија. На спротивната страна, ќе дебитира Вајналдум.

Дуелот меѓу ПСЖ и Лил во Суперкупот се игра в недела од 20:00 часот.