• Иван Димовски
Екипата на Пари Сен Жермен промовира ново засилување меѓу стативите, кој ќе го надополни местото на Кејлор Навас кој заминува од клубот.
Ново име за ПСЖ е Матвеј Сафонов. 25-годишниот руски репрезентативен голман доаѓа во „градот на светлоста“ од редовите на Краснодар. За услугите на Сафонов парижани ќе платат 20 милиони евра, а тој парафира договор до јуни 2029 година.
#WelcomeSafonov pic.twitter.com/xYjuA3CF2Z
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) June 14, 2024
Станува збор за момче кое потекнува од школата на Краснодар. Сафонов ја мина академијата, а од 2019 е дел од првиот тим. Оваа сезона тој имаше 30 настапи во Премиер лигата на Русија, на кои имаше 11 „чисти мрежи“.