ПСЖ го „краде“ Вајналдум, Барса нема пари за да ја израмни понудата од Париз

Холандскиот репрезентативец Џорџино Вајналдум беше блиску до потпис со Барселона, но на крај се чини дека ќе заврши во Пари Сен Жермен.

30-годишниот играч за врска се премисли во последен момент, поради богатата понуда која ја доби од Париз. На истата нема да може да одговори каталонскиот клуб, кој ќе се помири со фактот дека нема да склучи соработка со поранешниот фудбалер на Ливерпул.

Искусниот фудбалер ќе добие двојно повисока плата, од онаа што ја инкасираше на „Енфилд“. Договорот со ПСЖ ќе го задржи во клубот до 2024 година.

Кариерата на Вајналдум започна во Феенорд, продолжи во ПСВ Ајндховен, а потоа заврши во Англија, каде ги бранеше боите на Њукасл Јунајтед и Ливерпул.