ПСЖ го „кова“ планот на векот - ги сака капитените на Реал и Барса!

ПСЖ важи за еден од најбогатите светски клубови, што веќе го докажа кога исплати масовни суми за трансферите на Нејмар и Мбапе, сместувајќи ги двата на врвот од најскапите светски зделки. 

Сепак, парите не му донесоа посакуван резултат на тимот од градот на светлината, бидејќи европската круна е сè уште неосвоена, а минатата сезона играа финале против Баерн Минхен. На овој клуб јасно е дека му беа потребни лидери и шампионски менталитети, а според пишувањето на „Ел Чирингито“, во Париз спремаат сензација. 

Се работи за план на Ал Келаифи, со кој на Почетино ќе му бидат доведени два од најдобрите светски фудбалери. Веќе е јасно дека Серхио Рамос со Реал Мадрид и Лео Меси со Барселона се пред разделба, а парижани сакаат да го искористат тоа. Иако ќе мора да го „одврзат ќесето“, доколку успеат да го доведат ова дуо во своите редови со сигурност ќе им се исплати. 

Засега нема официјални преговори, но наводно Рамос му го пренел планот на Флорентино Перез за спојување на двете ѕвезди на „Паркот на принцовите“.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.