• Горан Упале
Пари Сен Жермен на најдобар начин одговори по лошиот старт на сезоната во Лига 1 и со убедлива победа ја отвори новата сезона во Лигата на шампионите. Европскиот шампион на домашен терен го декласира Слован Братислава со 6-1, а на теренот во Париз блеснаа Усман Дембеле и Феран Торес.
- ПСЖ - Слован Братислава 6-1:
Парижани уште во првото полувреме го решија прашањето на победникот. Дембеле постигна два гола во 17. и 23. минута, а Фабијан Торес во 31. минута зголеми на 3-0. Со таа предност ПСЖ замина на одмор.
Торес продолжи да блеска и на стартот од вториот дел, па во 47. минута го постигна својот втор гол за 4-0. Во 57. минута Шпанецот комплетираше хет-трик и донесе огромни 5-0 за домаќинот. Слован успеа да постигне почесен гол во 58. минута преку Сержио Камара, но тоа беше сè од гостите. Во самата завршница конечните 6-1 ги постави Фабиан Руиз.
Три бода на стартот освои и европскиот вицешампион Арсенал, откако на гостувањето кај Наполи славеше со минимални 0-1. Мрежите на „Армандо Марадона“ долго мируваа, односно до 75 минута кога капитенот Мартин Одегард со прекрасен удар на втора статива го совлада Мерет и на лондончани им обезбеди заслужена победа на стартот од сезоната во елитата.







