ПСЖ го договори првото засилување, се очекува само потпис

Хакими

Интер продолжува да се распаѓа. Од екипата замина Антонио Конте, а сега на чекор од преселба надвор од Милано е и десниот бек Ашраф Хакими.

Пари Сен Жермен ќе биде неговиот нов дом. Францускиот гигант нудеше 60, калчолигашот бараше 80, па се очекува двете страни да се најдат на околу 70 милиони евра, плус дополнителни бонуси. Тешката финансиска ситуација во која што се наоѓа италијанскиот клуб го тера да ги презема овие чекори. Навивачите се разочарани, особено поради фактот дека тимот се избори за титула во Серија А.

Наводно десниот бек ги договорил личните услови. Ќе заработува по осум милиони евра по сезона. Останува уште да се договорат деталите меѓу двете екипи.