ПСЖ ги наплаќа сметките за поразот во финалето на Купот против Рен

Се сеќавате ли како заврши минатата сезона во францускиот фудбал? Рен се врати од 0-2 и на пенали го совлада ПСЖ во финалето на Купот, а Нејмар предизвика инцидент провоциран од еден навивач во свечената ложа.

Двете екипи протагонисти во париското финале, ќе ја отворат новата сезона со борбата за Суперкуп титулата во Франција попозната како „Трофеј на шампионите“. Комерцијалните причини го однесоа натпреварот на кинеско тло, сите билети се распродадени и фановите со нептрпение ги чекаат Мбапе и соиграчите желни за реванш.

Томас Тухел низ подготовките го смени ликот на ПСЖ. Нејмар доби долг одмор и уште не е сигурен каде ќе игра во новата сезона. На овој натпревар сигурно нема да настапи, исто како и Ди Марија, Тиаго Силва, Маркињос кои штотуку се вратија од летниот одмор по Копа Америка. Од новајлиите Херера и Диало се најавени од првата минута, а товарот треба да падне на староседелците Верати, Кавани, Дракслер...

Рен пак подобро изгледа во нападот, отколку во одбраната, а Бен Арфа и Нианг се задолжени за голови. Традицијата не им е сојузник на нормандијците, бидејќи ги загубија сите пет меѓусебни дуели кои му претходеа на споменатото финале на Купот во мај годинава.

Натпреварот кој ќе се игра на „Универзитетскиот спортски центар“ во Шенжен ќе го води Бастиен.