• Саше Љолес

Управата на францускиот гигант ПСЖ ги израдува своите навивачи со информацијата за продолжување на догворите за неколку исклучително важни алки од тимот.
Најпрво беше објавена новата соработка со тренерот Луис Енрике, кој ќе остане во Париз до 2027 година, а нови соработки потпишаа уште Ашраф Хакими, Нуно Мендеш и Бразилецот Витиња.
Новите договори беа најавени уште пред два месеци, но официјалната потврда пристигна пред дерби натпреварот против Монако, кој „светците“ го добија со убедливи 4-1. ПСЖ е убедлив лидер во француската Лига 1 со 53 бода, тринаесет повеќе од второпласираниот Олимпик Марсеј.